На пат се стретнале градското говно и селскиот мрсул. Се прашале едно со друг. Разговоро го започнал селскиот мрсол, кој го прашал гратското говно:
– Каде вака говно, што си кинисал на големава горештина?
– Сакам да го напуштам градо и да се преселам в село – продолжило да зборува градското говно.
– Кога ќе му се приоди на мојот стопан в клозет, да ме пушти, оди во клозет, клекнува на тоалетното казанче, ќе ме пушти во вода и одма ме дави и коските ми ги крши низ канализацијата, без бел ден и сонце да видам. Додека селското говно живот живее. Стопано го пушти, го положува на меко, на тревата, останува цело, ќе види бел ден, сонце и чист воздух, лезет поживува. Ќе си умри на чист воздух и светло сонце – рекло градското говно.
– А каде си тргнал на ова жешко време ти брату мрсуле – прашало говното.
– Имам голем зорт со селанецо. Затоа сакам да се преселам в град. Штом ќе треба да ме избриши, ме фаќа со рапавата рака и без да ме погледа, кога ќе ме акни од земи и од мене ништо здраво не останува. Понекогаш толку е суров што ме нагазува со ногата. Граѓанино пак, толку го сака и обожава мрсуло, што го зема со шамиче, ќе го собери во шамичето, ќе го здипли и ќе го стави во џепо на палтото, на левата страна, до срцето. Додека не се исуши во шамичето, ќе си го проживее убаво. Зар има нешто поубаво некој да те носи до срце – му рекол селскиот мрсул на гратското говно на патот за подобар живот.
Кажувано од подмолските девојчина на селското корзо