НАВИВАЧИ НА БАНДЕРА

Историја

Istorija

Колку што е богата историјата на Победа, толку е богата со приказни историјата за навивачите. Клупската приврзаност била најголема во шеесеттите и седумдесеттите години. Секој навивач бил посебна приказна. Едни доаѓале на стадион уште сабајлето да видат дали теренот е добар за игра, други два часа пред почетокот да седнат на среќното место од трибината што не го менувале со години, трети на полувреме се преместувале на страната каде што во второто полувреме ќе напаѓала Победа. Децата чекале пред вратите да ги подземе некој постар со влезница.  Голем дел од младинците влегувале преку ѕид. Посиромашните и скржавците гледале без пари од скалите кај некогашната болница. Најчудни се тие што се качувале на столбовите на големата трибина. Два часа издржувале качени на бандера. За некого тоа би било мачење, а за нив – уживање. Ги има на сликата од дербито Победа – Вардар од 13 септември 1970.

Гостите победиле со 0-2 пред 15 илјади гледачи.

Loading