КОПАЊЕ СО СТИЛ

Moda i praktika na kopanje tutun

Обично одгледувањето и работата на тутун е здодевна и монотона. Станување пред зори, копање на припек сонце, рачно собирање на листовите… Мачен е патот од расад до балиња тутун за предавање. Како и секаде, најважно е со кого работиш. Ако си во друштво, работата може да стане забава и времето да “лета”.

Така и со прилепчанкиве овековечени на фотографијава. Со паларии, исплетени од слама, налик на мексиканските сомбрера, позираат меѓу тутуновите стебла. Не изгледаат тмурно, како да им “тежи на плеќи” мачната земјоделска задача. Напротив, бликаат од радост како да се на некоја плантажа во Куба. А Прилеп има доста сличности со тој карипски остров. Во лето климата е иста, тутунот е егзистенцијална кулура и кај нас, само ни недостасуваат пури, шеќерна трска, море и 50 километри до САД… 

Loading