АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кога гласате без размислување не очекувајте дека избраните ќе мислат на вас.

Х

И меѓу луѓето и меѓу гулабите има многу – дифтари.

Х

Ако не можете да си ги реализирате сништата, не ги попречувајте другите во тоа.

Х

Сите се натпреваруваме: едни со умот, други со глупоста.

Х

Го одвоија житото од каколот, ама не им остана нит за леб.

Х

Не затварајте ги очите дење пред проблемите, ако сакате мирно да ја поминете ноќта.

Х

Колку повеке диплома толку помалку знаења!?

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading