ПОДОБРИ ОД ГРЦИТЕ

Историја

Екипата на некогашниот Тутунски комбинат десетина пати учествуваше во европските купови. Во рамките на 3 коло од Купот на куп-победниците, во декември 2002 година за противник го имаше Јоникос (Грција). На првиот меч во Атина домашните победија со минимални 21- 20. Во прилепскиот состав најефикасен беше Макалоски со 6 гола. На реваншот во Универзалната сала Тутунски победи со 26-24, доволно за тимот на тренерот Радомир Костиќ да оди во 4 коло. Пред 2000 гледачи настапија: Чупаркоски, Соколески, Нешкоски 6, Макалоски 9, Локвенец, Лашкоски, Трајкоски 4, О. Илиески 2, Бозароски, К. Илиески 3, Шокоски 2, С. Илиески, Петкоски, Лукиќ.

Во следното коло Тутунски беше елиминиран од Пивоварна Целје (Словенија).

Loading