Во 79 година почина поранешниот фудбалер Живко Нешкоски, некогашен фудбалер на легендарниот тим на Победа. Кариерата ја почна во 1958 г., кога одиграл 7 натпревари. Нешкоски на позицијата на лев бек одиграл 267 официјални мечеви. Во фудбалската историја ќе остане запаметен по енергичните лизгачки стартови и бескопромисната дуел игра. Се памети по одличните партии со Вележ Мостар, Црвена Ѕвезда и Будуќност Титоград. Многумина го споредуваа со фудбалската легенда Јусуфи. Поради сличните карактеристики го добил прекарот Шнелингер, по тогашниот истоимен познат германски репрезентативец.
Нешкоски беше погребан на Старите гробишта.