„НИЧИЈА ЗЕМЈА“ ЈА КРЕВА ЧИГАТА – „НЕ СЕГА, ДРАГА“ ЈА СПУШТА

53 -то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

2 Kletnici na MTF

Вечерва почнува 53 – то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Воо 19.30 часот ќе се отвори изложбата „Моќта на театарот“ на МНТ, а потоа во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се врачат наградите за животно дело на актерот Петре Арсовски и композиторот Љупчо Константинов.

Честа први да настапат ја имаат актерите од МНТ со претставата ,,Ничија земја,, од Тановиќ и Морфов, во режија на Александар Морфов. Годинава на фестивалот во официјална конкуренција ќе бидат изведени уште 11 претстави, избрани од новиот уметнички директор Катарина Коцевска. Нашиот театар ќе се претстави утревечер со ,,Клетници,, по Виктор Иго, текст од Горјан Милошевски, во режија на Мартин Кочовски.

Во жирито се Мими Таневска, актер и професор  на ФДУ, Драган Спасов Дац – актер и Јасна Новаков, театролог и извршен директор на театарот ,,Звездара,, од Белград.

Ќе се прикажат пет претстави во придружната програма, на ФДУ, ЕСРА, на кумановскиот театар, како и ,,Железниот светилник,, од Димитар Талев, во режија на Асен Шопов, гостување на теаатрот на бугарската армија.

Фестивалот ќе се затвори на 15 јуни со изведбата на претставата ,,Не сега, драга,, во режија на Коле Ангеловски, во чест на наградените.

Ќе има две трибини за театарската критика денес и за местото и улогата на драматургот во театрите во Македонија. Ќе се промовира театарска литература.

Loading