ТУШ ПОД ВЕДРО НЕБО

2 thumbnailСе мачат струмичките земјоделци да ги произведат градинарските култури под врелите пластеници и се борат да го продадат бериќетот на неадекватни места. Се трудат да ја одржуваат хигиената по импровизираните пазари во земјава. Тешко им е и на новата локација во близина на градскиот пазар. Врелото сонце и солта од потта им ја гризе рапавата испечена кожа. Затоа со импровизирани тушеви под ведро небо, со пластични шишиња со вода крај подвижните тезги се обидувааат да ја турнат калта од лицето и телото на повеќедневниот престој со легло крај доматите, краставиците, пиперките, кромидот, компирот во камионот. Се жалаат дека не им е обезбеден санитарен јазол покрај тоа што плаќаат надомест. Физиолошките потреби ги вршат во реката, просторот на катната гаража или каде ќе ги фати зорт. Знаат дека ја загадуваат околината, но немаат избор.

Loading