МАРУЛ ВО „МАТИЧНИТЕ“ КНИГИ (19)

feljtonФељтон: Белешките на Томе Велјановски

-Со цел да ги заштити од заборавот, марулчанецот Томе Велјановски кој живее во Гетеборг, во Шведска пренесува податоци за венчавките, склучените бракови и карактеристични настани. Изнесените факти се според сеќавањата на Велјановски. Записите се оригинални, со правописни грешки и дијалект.

Број 12. Раненичиња земени од други населени места во село Марул

7. Смилевски Богоја од село Вешерејца земен ранениче посинет кај Јованоски Лазар во с. Марул. Богоја е роден од мајка Сребра Филиповска од с. Могила и татко Смилевски Анѓеле од с. Вешерејца во 1949 година. После породувањето на Богоја, мајка му Сребра умрела. Таткото Анѓеле има повеќе деца сирачина за да си ја намали тегобијата во куќата со проблем решил малото роденче дете Богоја да го дади ранениче на фамилијата која ќе прифати законски посинување на детето. Свештеникот Смилевски Ванѓел од с. Добрушево на кого с. Марул му припагаше во неговата парохија стапи во контакт со двете фамилии. Направи средба и се договорија детето Богоја судски да биди префрлено од смилевската на јованоската фамилија. Смилески Богоја од вешерејчанец стана марулчанец. После три години од земањето на Богоја во 1952 година на Лазар и Пауна Пулески добрушевска му се роди нивно биолошко дете, девојче кое го крстија Благуна. Родителите не направија никаква разлика меѓу децата, ги гледаа подеднакво. Ги удомија   двете деца. Си имаат почитување едни према други, куќниот и полскиот имот му припадна на Богоја. Родителите Лазар и Пауна се догледаа кај синот Богоја. Пауна 1912 – 1987г., Лазар 1921 – 1990 год.

Број 13. Старосватови на свадби и венчавки од Марул во Марул.

Старосват е лицето кое го носи чеизот – рубата на невестата од нејзината куќа до куќата на нејзиното момче. Традиционално вујкото на момчето, брат на мајка му е старосватот. Се започнува законски за старосват од најстариот брат на свекрвата. Ако недостасува вујкото, старосват можи да биди синот или помалиот брат. Ако пак свекрвата има повеќе машки деца и повеќе браќа, најстариот вујко ќе биди старосват на најстариот нејзин син. Така вујчевците бидуваат по ред на рожба старосвати.

1. Гулабоски Новаче му е старосват на Велјановски Велјан – Ганачо старосват во 1887 година, прв братучед од стрико на мајка му Петра.            

2. Дашо Петре старосват му е на Јованоски Илија Крушка, брат на мајка му Мара во 1905 година.

3. Василоски Милан Борачо старосват му е на Павлески Аце во 1947 година, брат на мајка му Васка.

4. Василоски Милан старосват му е на Павлески Мирко во 1953 година, брат на мајка му Васка.

5. Василоски Милан старосват му е на Павлески Коле во 1960 година, брат на мајка му Васка.

6. Василоски Милан старосват му е на Павлески Павле во 1963 година , брат на мајка му Васка.

7. Василоски Милан старосват му е на Павлески Борис, брат на мајка му Васка.

8. Василоски Китан старосват му е на Атанасоски Даниел, брат на мајка му Миладинка во 2006 година.

9. Дамјаноски Дамјан старосват му е на Јованоски Тодор во 1916 година, брат на мајка му Митра.

10. Дамјаноски Васил Трипискул старосват му е на Јанкоски Петре во 1918 година, брат на мајка му Грозда.

11. Здравески Никола Галабаро старосват му е на Јованоски Анѓеле во 1905 година, брат на мајка му Васка.

12. Здравески Крсте Галабаро старосват му е на Јованоски Јован во 1913 година, брат на мајка му Велика.

13. Јанкоски Ристе старосват му е на Стеваноски Живко во 1948 година, брат на мајка му Дуна.

14. Јанкоски Крсте старосват му е на Стеваноски Живко за вториот брак во 1953 година, брат на мајка Дуна.

15. Јанкоски Дончо старосват му е на Петрески Раде во 1964 година, полубрат на мајка му Мара.

16. Јанкоски Крсте старосват му е на Стојкоски Алекцо, брат на мајка му Дуна во 1955 година.

17. Јанкоски Ристе старосват му е на Дојчиноски Јолески Благоја во 1953 година, брат на мајка му Доста.

18. Јанкоски Крсте старосват му е на Тошески Јолески Веле во 1955 година, брат на мајка му Доста.

19. Јанкоски Крсте старосват му е на Тошески Љубе во 1961 година, брат на мајка му Доста.

20. Јованоски Димитрије старосват му е на Петрески Митре Бабјак во 1956 година, брат на мајка му Мара.

21. Јованоски Димитрије старосват му е на Петрески Томе Бабјак во 1958 година, брат на мајка му Мара.

22. Јовчески Цветан старосват му е на Ристески Алекцо, се втори брачеди на мајка му Трајанка, нема поблиска роднина.

23. Јошески Котески Петре старосват му е на Петрески Димитрија Бабјак во 1950 година, брат на мајка му Трајана.

24. Јошески Котески Киро старосват му е на Петрески Крсте Бабјак во 1957 година, брат на мајка му Трајана.

25. Танески Стојче старосват му е на Колески Крсте во 1899 година, втор брачед на мајка му Сава.

26. Танески Стојан старосват му е на Колески Мојсо, втор брачед на мајка му Саба во 1901 година. 

27. Танески Крсте старосват му е на Ризоски Бошески Борис Горнин во 1944 година, посинок на сестра му Мара.

28. Танески Пане Ристески старосват му е на Ризоски Бошески Трајче Горнин во 1960 година, брат на мајка му Мара.

29. Танески Мице старосват му е на Јованоски Димитрије во 1939 година, брат на мајка му Петра.

30. Танески Мице старосват му е на Јанкоски Дончо во 1941 година, брат на мајка му Петра.

Продолжува

Loading