СОНОТ ЌЕ СТАНЕ ЈАВЕ СО НОВИОТ ЗАВЕТ

DSC 4863

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Миицкоски им порача од Прилеп на граѓаните да не се плашат иако претстои период на големи притисоци, кога СДСМ ќе се обиде невистината да ја прикаже како вистина, а поразот за победа,

– Мора да опстоиме заедно, да се мобилизираме и да ја поразиме оваа ненародна Влада и на крајот на денот Македонија да победи.

Мицкоски истакна дека ова биле редовни средби со членството и дека граѓаните на 2 јуни ќе го искажат незадоволството од владеењето на СДСМ на протестот пред платото на Владата.

– Атмосферата е одлична, мислам на револтот и протестот што се изразува против ненародните и погрешни политики кои Зоран Заев и Владата на СДС ги водат изминатава година – изјави Мицкоски.

Тој рече дека погрешно била протолкувана изјавата за новата програма на ВМРО-ДПМНЕ ,,Нов Завет,,.

– Кога велам завет мислам дека ветуваме, односно ќе се обидеме преку новата програма што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави да ги прикажеме нашите погледи и визии за богата и просперитетна евро-атланска интегрирана држава, односно сонот барем малку да стани јаве. Се надевам дека ќе биде пријатно изненадување и ќе значи една голема промена на следните предвремени парламентарни избори – рече Мицкоски.

Loading