БАРАЖОТ СЕ БАРА СО РЕНОВА

Фудбал

Со игрите и резултатите, овој тим на Победа заслужи да остане во прволигашкото друштво. Доволно е да се спомне дека совладани беа трите најдобри тима на табелата: Шкендија, Вардар и Силекс. На последниот меч со Силекс кратовците беа победени со 1-0, со голот на незадржливиот Даноски. Фаворитот се бореше за Европа, а беше толку надигран, што се спаси од висок пораз. Сепак, тука прилепскиот тим не ги реши проблемите. Во средата се одигра мечот со Скопје, а в недела е последното коло. Токму тој меч, со Ренова, сега е одлучувачки. Се верува во триумф и бараж.

Ако Победа избори бараж, потенцијални ривали се Гостивар, Брегалница или Борец.

Loading