ИН МЕМОРИАМ – Весна Ангелеска (1967 – 2018), советничка во Советот на Општина Прилеп.

5 vesna2

Не само како советничка во актуелниот состав на општинскиот Совет, туку и како граѓанка, жена – хуманист Ангелеска имаше голем придонес воопштествениот живот во градот. Дипломирала на Педагошкиот факултет, магистрирала на Маркетинг менаџмент на Економскиот факултет во Прилеп. Членка беше на ОО на СДСМ – Прилеп од 1993 година. Во својата кариера бележеше повеќе работни позиции и звања: одделенски професор, сопственик на приватна фирма, координатор и асистент во проекти на невладини организации за заштита на човековите права, член на организацискиот одбор на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински, консултант и успешен локален менаџер за шведската компанија Орифлејм.

Во собраниската сала на Општина Прилеп се одржа комеморативна седница, а градоначалникот Илија Јованоски изрази жалење, сочувство и поддршка на членовите на семејството на советничката, Весна Ангелеска заради нејзината прерана смрт. 

Loading