ТРАЈКОСКИ НА МЕСТОТО ОД ЃОРЃИОСКИ

Смена кај пензионерите

3Trajkoski

Собранието на Здружението на пензионери на вонредна седница го именува за вршител на должноста претседател, членот на Извршниот одбор, Славко Трајкоски. Со потписи заверени кај нотар, делегатите го сменија претседателот Кирил Ѓорѓиоски и го разрешија од позицијата член на извршниот одбор.

На Ѓорѓиоски му се става на душа политичката авантура со   кандидатурата за советник во градскиот совет на страната на коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ. Група пензионери му ја откажаа довербата и побараа оставка, а до локалните избори го поддржуваа првиот човек на пензионерите.

-Како раководство ќе треба многу да направиме да го вратиме угледот на Здружението. Имаме идеи и луѓе кои ќе се ангажираат на секој план – рече  в.д.претседателот Славко Трајкоски.

Како и да е, окончани се непотребните кавги, расправии и делби меѓу членовите на органите и телата на Здружението на пензионерите.

Loading