ПОДГОТВЕНОСТ ЗА КОЛЕКТИВЕН ОТКАЗ

Вработените во Еурокопозит – ем без пари, ем без директор             

thumbnail

Работниците од Еурокопозит се спремни дури и колективно да потпишат отказни решенија, ако Владата не најде излез од состојбатата. Доколку не се исплати ветената плата, синдикалците ќе преземат порадикални мерки. Ем без плата, ем без директор се повеќе од еден месец. Најавија нови протести, бидејќи еден месец работат без директор и немаат земено плата. Се закануваат со штрајк, блокада на патиштата и протести пред Владата. Од последната средба во Владата мина еден ипол месец кога добиле ветување за решавање на проблемот во целост во наредните шест месеци, да се разреши генералниот директор и да се направи Програма за технолошки вишок. Од ветувањата нема ништо. Последната плата ја добиле пред 40-тина дена, а сега нема кој да ја потпише другата. Велат дека иако постојано се обраќале до кабинетот на вицепремиерот Анѓушев да им кажат дали ќе добијат нов директор и дали е прифатена оставката на стариот, од таму ништо не одговарале. Упатија апел и писмена информација до премиерот Заев и до вицепремиерот Анѓушев, барајќи да се реши состојбата. Исплатена е една плата на 9 март.

– Не знаеме дали е прифатена или не неотповикливата оставка на директорот. Дојде време за наредна плата и помина тоа време, а ние немаме земено плата. Месецов работиме без директори, по добра волја на сите вработени. Се извршуваат обврските без проблеми. Ја предупредиме Владата дека доколку за два дена не ни исплати плата, како што беше ветено дека секој месец ќе земаме плата, излегуваме со радикални мерки. Од понеделник ќе започнеме со нови протести, блокади на патишта и поставување шатори пред Влада” – истакна Роберт Богданоски, претседател на синдикален добор.

Нема директор, нема ниту најава за одржување на собрание на акционери, па да се изберат органи на управа и дури после тоа директор.

– Изгубено е време, а во рок од 6 месеци требаше да се реши проблемот. Веќе помина месец и половина. Не е покренато ниту прашањето на технолошки вишок, бидејќи нема кој да го покрене. Работниците работат, ама тоа не е организирана работа. Потребно е соодветно раководство. Во најскоро време мора да се реши проблемот, во спротивност работниците се спремни дури и колективно да потпишат отказни решенија, ако веќе проблем се работниците – изјави Лазе Ангелески, претставник на СИЕР.

Инаку, откако генералниот директор, Александар Кузевски поднесе неотповиклива оставка, од 2 април работниците го ставија штрајкот во мирување по неколку месечните протести. Ги очекуваат ветувањата од Владата дека за шест месеци ќе се најде излез од лошата состојба. Околу 260-те вработени побаруваат 16 заостанати плати и неисплатени придонеси од јуни 2012 година.

НИ МИЛИМЕТАР НАПРЕДОК

Без раководство ги извршуваат работните задачи. Сметаат дека Владата купува време, иако им било ветено дека проблемот ќе биде решен за 6 месеци. Бараат итна средба со премиерот Зоран Заев.

– Шести месец откако се сретнавме со Заев, никој нема мрднато ниту еден милиметар. Никој не сака да го види нашиот проблем, да не праша зошто штрајкуваме, зошто сакавме директорите да ги смениме, доста криминал им открија и никој до денес не сака ништо да каже. Не држат во неизвесност, си купуваат време. Апелираме до премиерот да прими делегација да ги кажеме маките да не доаѓа до вакви ситуации на протести и блокади – вели Цветан Бунтески, член на синдикален одбор на Еурокомпозит.

Loading