ПЕТПАТИ НА ПИЕДЕСТАЛ

Стрелаштво

Во Штип се одржа Вториот куп на Македонија со воздушна пушка од националната програма за пионери, на кој одлично нишанеа претставниците на прилепските клубови. Највисок пласман има Мартин Ангелески (Херој Прилеп), второпласиран кај пионерите со 176 круга, а веднаш под него е Давид Лазарески (Стрелец 09) со 175. Екипно третото место е за Херој Прилеп со 489. Кај пионерките трета е Вероника Томеска (Херој Прилеп) со 163.

Екипно кај пионерките трето место е Стрелец 09 со 424.

Loading