ПАРИ ОД ЕУ ЗА МАРКОВИТЕ КУЛИ

MK 1

Ќе се заштитува и доуредува комплексот Маркови кули. Со пари од ЕУ, комплексот кој го посетуваат големиот број туристи, ќе се заштити со воспоставување на систем за мониторинг и други инфраструктурни зафати за подобра пристапност. Општината Прилеп е меѓу 17-те апликанти, општини и граѓански здруженија, кои добија грант до 100.000 евра од ЕУ како дел од програмата за подобрување со управувањето со заштитените подрачја, вредна 4 милиони евра. Проектот ќе го реализира УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, а финансиски поддржана од ИПА фондовите на ЕУ. Проектот ,,Маркови Кули – заштита и делување,, ќе овозможи развој на мали инфраструктурни зафати за подобра пристапност на посетителите и подобрено информирање на локалната заедница.

Prirodnata karpa Slonot pod Markovi kuli

– Се предвидува инвентаризација и подготовка на бази на податоци за најзначајните биогеографски и културни локации, воспоставување на планови за собирање отпад и заштита од пожари. Се планира поставување на видео мониторинг систем, патокази и информативни табли, означување и уредување на патеките, изградба на видиковци и други активности што ќе го подобрат пристапот и подигнување на свеста на посетителите и локалното население – објаснува градоначалникот Илија Јованоски.

Според амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, постои огромен интерес и потреба за финансиска поддршка. Луиза Винтон, постојаната претставничка на УНДП, потврди дека секој од 17-те грантови што се имплементираат од УНДП со финансиска поддршка на ЕУ, се до 100.000 евра. Гостите ги посетија Институтот за старословенска култура, Музејот за тутун и манастирот Трескавец.

Loading