ВО ПЛАМЕН ВИКЕНДИЧКАТА НА КООРДИНАТОРОТ НА ВМРО – ДПМНЕ

6 risteski

Изгоре викендичката на координаторот на ВМРО – ДПМНЕ Петар Ристески. Пламените јазици ја однесоа во неврат и ја пеплосаа малата куќарка во месноста Кула. Во противпожарната служба било пријавено дека е опожарена викендичка на патот за селото Волково. Полицијата направила увид.

-Не можам ниту да се сомневам во некој, ниту да посочам со прст лично кон некого дека ја запалил викендичката. Единствено што ми паѓа на памет е дека ова е политички сторено дело. Очигледно дека му пречи некому мојата политичка активност и посегнал да направи ваков гнасен чин. Оваа хунта која владее во Македонија не признава ништо свето. Посегнува по семејните вредности на сите кои не размислуваат како нив. Ги повикувам надлежните органи да ја завршат работата професионално и да ги најдат сторителите. Посакувам оваа гнасно дело да биде последно, да нема вакви мотивирани случаи на политички реваншизми. Работата отиде предалеку затоиа апелирам  на помирување. Политиката е натпревар на идеи, на вредности, на проекти. Никој да не се служи со вакви недозволени средства  – истакна Петар Ристески, координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

7  vikendicka

Ристески се сомнева дека е политички мотивирано дело, бидејќи не е прв пат да се посегне по неговата безбедност и на безбедноста по семејството, односно на објектите во негова сопственост.

-Во неколку наврати членови на СДСМ направија штета на мојата семејна куќа, беше уништена портата од семејната куќа на денот на изборите кога се славеше победата на СДСМ – вели тој.

Открива дека и тогаш полицијата направила записник, но до ден денешен никој не го контактирал, ниту повикал за изјава, ниту му кажал дали е поведена некаква постапка пред судот и слично, ниту пак дали се најдени сторителите.

Loading