МАКПРОГРЕС ЈА РЕБРЕНДИРАШЕ ДОНИА

Donia-nova-fabrika-3-660x330

Компанијата Макпрогрес официјално го претстави преземањето и ребрендирањето на Дониа, поранешна кондиторска компанија од Прилеп, со што брендот сега е дел од семејството и портфолиото на компанијата. Рецептурите за производите на Дониа се збогатени и состојките се заменети со поздрави и поквалитетни суровини. Макпрогрес вложи во дополнителен развој на продуктното портфолио на Дониа со што достојно ќе го унапреди пазарното претставување на брендот во земјава и во странство.

Асортиманот на Дониа, со широката дистрибуција на Макпрогрес, се очекува да добие интернационален пласман, дополнувајќи ги извозните стратегии и цели на компанијата. Познатиот локум на Дониа е скапоценост за кондиторското производство во Македонија. Зачуваниот автентичен рецепт и вкус, овој производ ќе се претстави за домашно производство на светските пазари.

– Прилеп и Крушево се познати по производство на квалитетен локум. Уште од пред 100 години откако е донесена мајсторијата за квалитетен локум таа се пренесува од генерација на генерација. Нашите мајстори и ден денес го практикуваат традиционалниот начин на варење, одлежување и рачно сечење на локумот. Макпрогрес ги исфрли сите вештачки додатоци и се заменети со природни состојки. Горди сме на редизајнираното лого и новите амбалажи што ги прави производите одлични конкуренти на македонскиот пазар и пошироко” – вели Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес.

Макпрогрес ги ребрендираше и безвременските специјалитети произведени по класичните традиционални рецепти за алва, желе бонбони, домашните кекси и чајни колачиња под брендот Бејкхаус. Сите останати производи од делот на индустриски колачи Макпрогрес ги ребрендира во брендот Винчини како Ванили, Гурабија, Белани, Монна, Донна, Селекшн и асортменот на 8 вида на првокласни кекси во кутија. Интегралните кекси Вива ла Вита се реформулирани, редизајнирани и ребрендирани.

Во септември лани Макпрогрес целосно ја купи прилепската кондиторска фабрика Дониа во која виде одличен потенцијал за надоврзување на нивната веќе отпочната приказна и прераснување во македонски бренд специјализиран за висококвалитетни традиционални деликатеси.

Loading