ОСТАВКА ПРЕД ДА НИ ГИ УРНЕТЕ ГРОБОВИТЕ НА ПРЕДЦИТЕ, НА РОДИТЕЛИТЕ?

Март – Сиднеј – Мелбурн – Австралија

На Австралија сме повеќе од 200 илјади, уште толку во Америка, Канада и Европа, нé има уште неколку милиони во поробените делови на Македонија

protest-sidnej-dusan

Загрижен како и сите што Владата на Македонија го води процесот на разговори со Атињаните околу нашето уставно име и националниот идентитет. Од Владата се бара да се влезе во НАТО и ЕУ по цена на губење на својот идентитет и своја држава. Јас и сите ние, чувствуваме одговорност да не молчиме. Затоа им кажуваме на сите пратеници во парламентот без разлика на политичката определба, без разлика на нивната верска и национална припадност дека не се сложуваме со нивното предавништво, со нивната подлост и мизерност, со нивната зачмаеност и плиткост, со нивната игоцентричност и малоумност со нивната ѓаволска желба да ја уништат македонската нација.

Сведоци сме на секојдневно деградирање не само од фашистичко настроените соседи кои употребуваат семожни уцени и сатански игри, на деградација, но и на понижувања од самите македонски малоумни и алчни политичари. Нашата нација е ставена на гилотина со која управува Заев и неговите безлични и бездушни пиуни на предавници и парламентарци без интегритет кои профитираат да го сменат името, јазикот и уставот. Не се само тие. За да може Заев да дојде до својата подла цел, со молчење го одобрува тоа и опозицијата во парламентот како и институциите со кои управуваат сенилни старци како што е МАНУ и Друштвото на писатели на Македонија. За жал член  сум на последното и се срамам тоа да го кажам. Таму управува водач кој ни малку не држи до достоинството. Тие се глупави, неми, гледајќи ги само своите лични интереси. Нема една институција која јавно истапила да ги заштити нашите национални права. На сите интелектуалци и прогресивни сили во Македонија им е ставена јамка од политичари – зданија кои без интегритет.

На Заев од Австралија му порачуваме дека на Петиот континент сме повеќе од 200 илјади. И уште толку во Америка, Канада и Европа. Нé има уште неколку милиони во поробените делови на Македонија. Дали се прашани тие, дали нé прашавте нас во Австралија какви се нашите желби и сонови, каде е нашата душа и срце. Затоа ли, Господине, издајнику Заев, ги преименувавте аеродромот и автопатотот и почнавте да демонтирате споменици?. Да ги задоволите Атињаните? Колку пари добивте или можеби ја продадовте душата за едно шише узо? Ви предлагам вас и на сите парламентарци, посебно на Македонците, кои како кукавици седите во арамиското издајничко дувло на парламентот, да појдете на гробиштата каде што се закопани вашите баби и дедовци, да појдете и на гробовите на вашите мајки и татковци и од надгробните плочи да го избришете кириличното писмо и на гробот да напишете на елински или арнаутски, бугарски или српски јазик. Прашувам зошто не ги демонтирате или не ги искршите спомениците на вашите мајки и татковци? Имате полно право тоа да го направите, оти тие се гробови и споменици на вашите најблиски. Но, кој ви даде право да го уривате споменикот на мојот татко, на мојата мајка? Кој ви даде право да ги руштите нашите споменици и спомениците кои им припаѓаат на македонскиот народ? Со секое уривање на националните обележја, се урива нашето минато, историја, се сече коренот од кој живееме, се урива нашата гордост, се урива нашата иднина.

Заев, не сте избран да одлучувате за нашата иднина и иднината на нашите деца, за иднината на нашата нација и држава. Не сте избран да правите национално-културен геноцид врз Македонците. Не сте избран да го земате нашето достоинство и гордост. Не сте избран да ги понижувате и загушувате мислите на интелектуалците и прогресивните сили во Македонија. Запомнете, ние сме Македонци по род, Македонија е нашата држава, јазикот ни е македонски. Затоа никој нема право да менува со каков било договор, уцена или диктат, ниту да заговара решенија на негирање на нашата историја, на националниот идентитет или јазикот.

protest-sidnej-1

Господин Заев, да ја спасиме Македонија, најдобро ќе биде да дадете оставка, да си ги земете парталите и да се вратите од каде што сте дојдени.

Душан Ристевски, писател и општественик од Сиднеј – Австралија

Loading