ВО ВИЕНА „ГРАНИЦИТЕ И УМЕТНОСТА“ ОД ДАРКО ТАЛЕСКИ И ФЕРДИ БУЛУТ

2 Delata na Taleski i Bulut vo  Viena

Изложбата „Границите и уметноста“ е таматската изложба на двајцата наши уметници Дарко Талески и Ферди Булут, отворена во Виена. Куратор на изложбата, на која двајцата уметници се претставуваат со 20 дела претежно цртежи, е Марилена Бијанки Страит.

Според неа, уметниците не припаѓаат ниту на еден уметнички правец, иако се и наставници по ликовно образование.

-Изложбата ја карактеризира линијата како доминантен елемент, која ја дефинира формата и просторот и претставува ограничување, граница која ја определува територијата во чии што рамки животот е ограничен. Линијата е  потрага на себеси и барање на возбудлив и непознат свет околу себе. Линија која ги претставува границите кои сакаме да ги надминеме и избришеме да се поврземе во светот на постоењето. Течението на линијата не е изгубена во портретите на Дарко каде што со мастилото без да ја прекинува се додека формата не е завршена. Стравот уште повеќе е присутен во некои од делата на Ферди. Тој презентира фрагменти на неговите чувства каде што очајот и надежта се споени, плач за помош, за подобра иднина. Луѓето и кај двајцата се исполнети со неправедноста и дискриминацијата на глобалното опшество кое гради ѕидови на поделба – забалежува кураторката.

Талески освоил повеќе награди на неколку натпревари на Мајкрософт Глобалниот Форум за образование и учествувал на повеќе меѓународни проекти.

-Се вложувам толку многу со години, затоа што ја сакам уметноста, го сакам процесот на проучување, и верувам дека еднаквите можности не треба да се однесуваат само на слоганот ,,Еднакви можности за сите,,. Децата од руралните средини од мојата земја треба да имаат еднакви можности за учење како децата во големите градови, за да станат идни граѓани, можеби во Македонија, можеби и на друго место во светот – вели Дарко.

Уметниците порачуваат дека сите сме граѓани на овој свет и дека различностите се придобивка за секое опшество, дека не треба да се откажуваме од идејата за подобар свет, доколку сакаме да ја избегнеме ништожноста.

Loading