Изложба на 30 дела изработени во најразлична техника од прилепски ликовни автори е отворена во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. Се претставуваат Драган Михајлоски, Ангелка Башеска, Александра Ацеска, Драган Верговски – Алпи, Златко Крстевски, Емил Димоски, Павлина Илијеска, Наде Тоскоска, Васил Костов, Марија Ѓорѓиоска, Илија Миноски, Верче Николовска, Анита Сотировска, Александра Богоеска, Филип Перески, Марта Макеска, Лепа Милошевска, Емил Солески, Методи Исков, Стеван Василески, Александар Џинго, Методија Јорданоски, Михајло Ристески, Тони Чатлески, Мартин Кондоски, Марјан Стојаноски, Јасмина Руневска, Дарко Талески, Ферди Булут….
Отворањето му припадна на историчарот на уметност Викторија Димеска, која посочи дека уметници неуморно и упорно дејствуваат на сцената на уметноста, секој поединечно со својот ликовен јазик, израз и соодветна сликарска техника – акварел, акрил, темпера, масло на платно, комбинирана техника, колаж или скулптура, збогатувајќи го нашето секојдневие со одблесоци на вечноста и спокојството.