АЛЕКСАНДАР Е КРАЛОТ – СРЦЕ

Многу луѓе во светот не го знаат потеклото на класичниот шпил со 52 карти. Некои истражувачи сметаат дека првите се измислени во древниот Египет. Но, нема потврда или отфрлање на нагаѓањата. Првиот шпил, од кој се  препознаваат денешните карти, е дојден во Европа е од 12 или 14 век. Малку луѓе посветиле доволно внимание да забалежат необичност кај еден од четирите крала, попа. Станува збор за кралот, срце. Од 3 крала со мустаќи, четвртиот, срце, е единствен без мустаќи. Тој е единствен со изваден меч и изгледа како да е во тек акт на самоубиство.

Историски не постои ниту еден крал кој си го одзел животот. Има неколку кои трагично починале. Англиските истражувачи сметаат дека англискиот крал Карло 7-ми полудел, откако добил рак на устата. Умрел, оти не можел да јади и пие нормално. Некои истражувачи сметаат дека кралот – срце, е некој француски крал. Некои пак во четвртиот крал – срце, без мустаќи, со изваден меч, го препознаваат античкиот Македонски крал, Александар 3 Македонски. Толкуваат дека бил хомосексуалец. Поради болката што ја раскинал љубовта со Хефастион, си го одзел животот со мечот или сам си ставил отров во бокалот и се отрул. Овие мислења не водат кон откривање на загатката за четирите крала во картите. Да се одгатне мистеријата, треба да се знае што значат трите збора, теизам, метафизика и реинкарнација. И, се разбира, добро да се знае Библијата.

Персиските учени луѓе сметле дека во картите се насликани чесноста  кон својот народ на трите последни кралеви на Персија додека не дошол Александар 3 Македонски – Велики. Тој го поразил кралот Дарие 3. Тој е четвртиот знак на срце со ликот од Александар 3 Македонски Велики. Во едната рака држи подигната сабја. Персискиот народ го почитувал и го сметал за најправеден од трите претходни. Персискиот народ го ставил на срце како најмил и најсакан. Затоа кренал споменик на Александар 3.

Александар Македонски  – Велики се женел трипати. Имал три сина. Не бил хомосексуалец, ниту имал љубовник, нити сам се убил, нити некој го отрул. Смртта била божја казна, оти се прогласил за бог во Вавилон. Симболот што го има кренатиот меч е поклонот на гробот на дарданскиот принц Хектор во Троја. Тој клекнал на едно колено и се заблагодарил на неговото херојство. Хектор во рамноправна борба со Ахил го загубил животот. Александар ги ставил на главата хекторовиот бел шлем и на телото белиот оклоп. Во левата рака имал голем бронзен штит, а во десната хекторовиот меч. При тоа восхитено рекол: ,,Со хекторовиот меч ќе ја освојам Персија,,. Бил горд што високо го кревал хекторовиот меч. Ова е спротивно на толкувањето од Илијада каде пишува дека Александар 3 Македонски го кренал високо ахиловиот меч. Овој антички македонски крал не бил само  обичен човек, туку Божји син, избран од Бог, да биде најголем војсководач и крал. Тоа се чита и во Библијата, каде пророкот Данило и пророчил на Олимпијада дека во утробата носи Божји син, кој ќе го носи името Александар.

Со излагањево се трудам да ја одгатнам досегашната нерешена мистерија околу четирите крала во 52-те карти во шпилот.

Драган Стојовски

Хрватска

Loading