ОДБРАНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ

Протест

protest

Протестен собир за одбрана на националните интереси на Македонија и нејзиниот опстанок се одржа на плоштадот Александрија. во организацијата на МПЗ “Пере Тошев”. Се побараа и слобода за патриотите, меѓу кои е и прилепчанецот Јане Ченто. Се обратија претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, професорката Виолета Ачкоска, аналитичарот Сотир Костов и Горан Стојаноски од здружението.

Македонскиот народ доколку е потребно треба да го направи и вториот АСНОМ, во кој повторно ќе си ја врати државотворноста и ќе ги елиминира сите штетни договори.

–  Единствена партија, религија и мајка за сите нас е Македонија. Конечно да се обединиме, без разлика на партии, идеологиии, леви и десни да си ја одбраниме Татковината. Секако бараме слобода за нашите уставобранители и Јане Ченто – рече професорката Виолета Ачковска.

Protest 1

Според Сотир Костов, Македонија, за жал, се наоѓала во состојба на распаѓање.

– Ние сме тие кои го одржуваат духот за заедничка Македонија. А кога ќе ги ослободиме Јане Ченто и останатите притворени, тие ќе бидат македонските трибуни кои повторно ќе нé кренат за заедничка Македонија, за да си ја вратиме слободата, да си ја вратиме правдата и да го вратиме достоинството на Македонецот – истакна Костов.

Самораспуштање на Собранието и организирање на предвремени парламентарни избори најави претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, доколку Владата не ги прекине сите штетни договори за Македонија.

Според организаторите и членовите на МПЗ “Пере Тошев”, Прилеп отсекогаш бил иницијалната каписла за одбрана на унитарноста и државноста на Македонија.

Loading