РАБОТАМ ЗАКОНСКИ

kuzeskiДемант на директорот на Еурокомпозит Александар Кузески

Генералниот директор на наменската фабрика Еурокомпозит, Александар Кузески ги демантира наводите во кривичната пријава на синдикатот. Смета дека е тенденциозен обидот да му се наштети приватно и како јавен функционер.

– Наводите во пријавата ги сметам како тенденциозен обид да ми се наштети приватно и како на јавен функционер. Работам според позитивните законски прописи и ги повикувам финансиската полиција, државниот завод за ревизија и сите соодветни институции да ја утврдат фактичката состојба – вели Кузески.

Тој информира дека финансиската полиција ја побарала документацијата, а тој останува отворен за соработка со сите релевантни институции.

– Компанијата ја начекав во очајна ситуација и со штрајк, со неисплатени плати, со неисплатени придонеси од 2012 година, со нереализирани обврски кон домашни и странски партнери, а веќе земени и потрошени аванси. Таквата ситуација е посебно влошена во пресрет на парламентарните избори, во декември 2016 година кога во еден подолг временски период, под мотивот за одржување на социјален мир, се исплаќани аванси за плата. Вработените практично ништо не работеле – стои во демантот на генералниот директор на Еурокомпозит, Александар Кузески. 

Loading