БЛОКАДИ И МЕТЕЖ ПРОТИВ ГОЛГОТА

Еурокомпозит на улица

– Работниците бараат 16 задоцнети плати и придонеси од 2012 година

Bbogdanoski

Вработените во Еурокомпозит протестираат во центарот, пред споменикот Карпалак, го блокираат магистралниот пат Битола – Градско на излезот од Прилеп кај Заполшки мост и кај Лагово. Реагираат и очекуваат да им се исплатат 16 плати и придонеси од 2012. Бараат и оставка на менаџментот на компанијата.

Линеарниот паушал од пет илјади денари што го добија како аванс, ја прелеа чашата и работниците се почувствуваа измамени од ветувањата на дека ќе добијат цела плата. Од 8 февруари пак се во штрајк.

2-1

Претседателот на синдикатот Роберт Богданоски изјави дека  продолжуваат со протести и бараат средба со претставниците од Владата, затоа што, според нив, оваа Голгота трае со години и потребно е разрешување.

–  Го блокиравме патниот правец Прилеп – Градско на излезот од градот. Протестот продолжи во центарот на градот и на клучката Лагово. Не се откажуваме од барањата – објаснува Богданоски.

Според него, менаџментот ниту доаѓа во фабриката, ниту сака да разговара. Во фирмата владее беззаконие. За шест месеци, новото раководство направило злоупотреби.

3

– Бараме оставка од нив. Синдикатот поднесе кривична пријава за злоупотреба против менаџментот. Надлежните да ги испитаат наводите. Се сомневаме дека еден од новите директори си уплаќал на својата фирма од авансните пари на Владата. Еден од директорите е осомничен за уплата на околу 5 милиони денари авансни пари добиени од Владата, на сметка на негова фирма од Велгошти. И тоа без никаков договор за деловна соработка. Александар Кузески од Охрид, директор на Еурокомпозит, и Тони Дукоски од Охрид, управител на Композитна опрема, ги повредиле правата на вработените и ја злоупотребиле службената положба. Вработените сметаат дека Кузески, спротивно на Законот за работни односи,  за патни трошоци од Охрид до Прилеп си исплаќал пари исто како и пратениците, што е спротивно на член 113 од ЗРО, каде што е наведено дека работникот има право на надомест на трошоци при користење на приватен автомобил за службени патувања, но не и за одење на работа како што тоа го прави нашиот директор – вели Богданоски.

blokada eurokompozit

Синдикалната организација смета дека Дукоски, како управител на Композитна опрема, во два наврати без никаква основа, уплатил пари во фирмата Ројал логистик интернационал во Велгошти, Охрид,  која е основана од него, а управувана од неговиот син. Во пријавата пишува дека со ова второосомничениот со помош на првоосомничениот ги злоупотребиле исплатените аванси од Владата, 16 милиони денари, и наместо да набавуваат материјали потребни за работа директно со продавачите, тие ги уплатувале средствата на приватната фирма на второосомничениот. На 12 октомври 2017 година на фирмата Ројал логистик и биле исплатени 480.496 денари, а на 25 декември дополнителни 4.504.497 денари.     

eurokompozit

Околу 250 работници на воената фабрика Еурокомпозит во државна сопственост со години се ниту на небо ниту на земја. Новиот менаџмент не успеа да ги задоволи барањата на работниците. 

mkd-361870

Loading