ПРИЛЕПСКИ ТРЕНЕРИ ВО ЗАГРЕБ И ВАРАЖДИН

Ракомет: Европското првенство не се пропушта

– На трибините беа Соколески и Петлески

Petleski vo makedonski dres

Најголемиот спортски настан деновиве, Европското ракометно првенство во Хрватска, одбележан е со присуство на илјадници Македонци. Меѓу нив се и многумина прилепчани, како тренерите Ице Соколески и Менде Петлески. Првиот во Вараждин го следеше поразот на Македонија од Шпанија, а вториот во Загреб се радуваше на победата над Словенија.

– Како дипломиран професор по ракомет не можев да не појдам. Со другарите навреме стигнавме. Влезниците беа по 30 евра. Беше прекрасно доживување во загрепската арена, каде доминираше црвено – жолтата боја. Видов и други прилепчани таму – вели Петлески.

Македонија зеде залет токму против Словенија, за потоа без пораз ја помине првата фаза, а во втората загуби од Шпанија. и покрај дебаклот останаа надежите дека ќе се соберат сили за враќање в колосек.

– Тимот имаше проблеми со повредите, но нашата верба во можностите на нашите репрезентативци не престана. До крај верувавме дека можеме до висок пласман – вели Петлески.

Европското завршува в недела.

Кога прозивката?

Нема информации кога ќе има прв собир на суперлигашот Прилеп. Одморот треба да привршува и да почнат тренинзи под раководство на Ице Соколески. Добро е клубот да се одржи и покрај финансиските проблеми. Имаше најави дека ќе се одигра пролетниот дел од сезоната, макар и со младински тим.

Loading