АМЕРИКАНЦИ ВО САЛАТА „МАКЕДОНИЈА“

Историја

Ретки се големите кошаркарски настани во градов, а еден од нив се случи на 23 мај 1982 година. Во салата „Македонија“ се одигра меѓународен пријателски натпревар меѓу МЗТ Скопје и Фортхем Њујорк (САД), екипа гостин на белградска Црвена звезда. Беше интересен меч во кој Американците пред полното гледалиште демонстрираа атрактивни потези, дотогаш невидени, со оглед на тоа што НБА – Лигата уште не беше достапна преку медиумите. И скопјаните дадоа достоен отпор, така што се изборија за пристоен пораз од 6 разлика.

Во тимот на МЗТ Скопје настапи младиот прилепчанец Сашо Костоски.

Loading