ПЕРНЗИОНЕРИ – ВАСИЛИЧАРИ

5

Речиси сите пензионери во градов на најразлични места го славеа празникот Василица со традиционалното вртење на мазникот и потрага на паричката. Стотици пензионери во своите клубови и рестораните, покрај домашната софра, ги пренесуваа адетите од своите предци на младите. Годините не им тежеа и гласот ги држи во третата доба. Запеаја песни и завијаа ора. Рскаше Тризла, се пееше на улица во Марино Маало, се тресеше месната заедница Гоце Делчев, “гореше” Рид… Околу 200 пензионерки заеднички славеа во централниот клуб.

Пензионерите се собираат и слават за празниците одржувајќи ја традицијата. Во дел од викендите организирано патуваат низ земјава и странство. Лете дури и организирано се одмораат.

Loading