Полицијата ги сомничи прилепчаните Д.В. (26) и Б.Ј. (21), поради постоење насилство.
Според полицијата, оштетениот Л.П. со неговиот другар со автомобил Пежо 306 паркирале пред продавница на ул. „Марксова“ да купат јадење. До него се доближило возило Ауди 3 со прилепски ознаки, во кое биле пријавените. Д.В. му удрил шлаканица на Л.П., кој се извинил ако нешто лошо му направил, иако не ги познавал. Но, Д.В. и Б.Ј. се нафрлиле и го удриле по грбот и рамото. Л.П. се обидел да им побегне, но го фатиле и го удирале со тупаници, при што му нанеле тешки телесни повреди. Тепаниот успеал да избега, а пријавените со клуч за тркала и пумпа почнале да го кршат возилото на оштетениот. После тоа, Д.В. го зел возилото на Л.П. Пежо и заминал на автопатот за Битола. Таму го полил со запаллива течно при што возилото изгорело целосно. Штетата е 90.000 денари.