ЗАЛИВСКАТА ВОЈНА ЈА СПРЕЧИ ТУРНЕЈАТА

Историја

Според праксата на големите клубови, зимата 1991 година екипата на Победа имаше план за турнеја во Турција. Се беше подготвено од Управата водена од претседателот Василе Соколоски. Но реализацијата наиде на непремостива пречка. Кон крајот на јануари војната во Персискиот Залив меѓу Ирак и Коалицијата на САД се разгори, и одењето во соседна Турција беше небезбедно. Во вакви околности Стручниот штаб на чело со Јове Магдески за алтернатива го одбра Стар Дојран, каде што беа одиграни пријателски мечеви.

Победа есента ја заврши на 7 место во Третата југословенска лига – Исток.

Loading