Карате
За разлика од порано, поретко добиваме известувања за врвни резултати во каратето. Затоа секој успех е значаен кон враќањето на старите патеки. На крајот од сезонава одличен пласман имаа членовите на КК Бонсаи: Дамјан Ристески, Огнен Тодороски и Андреј Гокчев. Тие на Балканското јуниорско првенство во Херцег Нови, Црна Гора, во ката екипно, станаа шампиони во конкуренција на ривали од Регионот. Тренерот Валентина Пурдеска најавува успеси и во иднина.
Ако е така, можеме да очекуваме и обиди за пласман на една од наредните олимпијади, со оглед на тоа што каратето стана олимписки спорт.