ЌЕМЕРЛИЈА, К’СМЕТЛИЈА

8 Mostot Kemerlija pred sto godini

Од албумот на семејството Кузманоски до читателите на Зенит, преку сликата стара околу сто години, доаѓа друг агол на некогашниот мост Ќемерлија, кој се наоѓал во близина на бензинската пумпа кај Вејкрповци.

Од десната страна се извишила џамија, а  од спротива куќи со стара архитектура со затворени авлии. Правиот калдрмен мост  води кон “Марови кули”, извишени, небаре подаваат”раце” .

Калдрмениот мост имал “тунел” под него висок четири метри. Камената градба лесно ги издржувала луѓето и арабаџиските коли. Под него можело лесно да помине арабаџиска кола со сено. Низ двете тунелчиња одстрана итала Дабничка река. Во неа жителите од блиските куќи ги пуштале пајките и гуските да се “капат”.

Постари памтат дека Дабничка била со бистра вода и многу чисто корито.

Loading