ТРИ НОВИ СЛУЧАИ НА СИДА

На Светскиот ден на борба против СИДАТА, 1 декември, уште еднаш се реафирмира кампањата за поткревање на свеста за победа на предрасудите и за подобрување на едукацијата. Покрај советувалиштето за сексуално преносливи болести и сексуално и репродуктивно здравје во Центарот за јавно здравје во Прилеп, последните години забележан е раст на бројот на  заболени од ХИВ/СИДА. Од првиот случај во 1991 година, досега инфицирани се 16 лица, а 6 од нив регистрирани се во последните 2 години. Тројца новоинфицирани се откриени годинава и тројца лани.

– Цел на едукациите е да се укаже на раното откривање на ХИВ инфекцијата со бесплатно дискретно тестирање, заради поголем ефект во лекувањето – вели  д-р Татјана Станимировиќ, началник на одделение по епидемиологија.

Со предавање во училиштата и делење пропаганден материјал и презервативи се одбележа Меѓународниот ден за борба против СИДАТА.            

Loading