Историја
Судија со знакот на ФИФА беше Трајче Маџоски, така што како претставник на ФСЈ го делегираа низ Европа. Еден од најинтересните дуели на кој делеше правда како главен судија е Рапид (Австрија) – Видеотон (Унгарија) на 16 септември 1981, во 1. коло од Купот на УЕФА. Натпреварот на стадионот ,,Пратер” во Виена го следеа 30.000 гледачи, а заврши 2-2. Гостите водеа двапати, преку Сабо и Вег од пенал, а домашните израмнија со Вебер и Паненка во 90 минута од пенал.
На реваншот со 0-2 победи Рапид.