На 97 години почина Бранко Буштрески, некогашен фудбалер, фудбалски работник и стопанственик. Повозрасните се сеќаваат на неговите активности и заслуги.
– Беше извонреден лев халф, кој од редовите на Југославија премина во Гоце Делчев и Победа. Подоцна даде огромен придонес прилепскиот фудбал високо да се издигне. Помагаше како директор на претпријатието ,,Црвени стени”, беше активен во ОФС – вели Драги Башески, новинар.
Буштрески лани присуствуваше на две прослави – 75 години СД Гоце Делчев Победа и 50 години ОФС Прилеп.