ЕМ АКТЕР, ЕМ ГИМНАСТИЧАР

2 TrpceТВ рекламен спот открива дека актерот Игор Трпчески не само што е мајстор на сцената, туку зад него се крие дарба за гимнастички вештини. Со стојот на глава во рекламната порака, тој докажува дека и во 44-тата година, го држи стекнатото умештво и дека во него уште гори љубов во гимнастиката, која од млад ја негувал осум години во клубот во Соколаната.

Годините не му тежат да изведува стој на раце и на глава, шпага, вага и други гимнастички вежби, кои му се добредојдени и во креациите на актерските улоги во театарот.

– Побараа некој што умее да изведува гимнастички вежби. Им пратив видео, ме проверија и ме примија за реализација на рекламната идеа. Ми беше задоволство да се претставам и како гимнастичар. Одржувањето на кондицијата и способноста да ги изведувам вежбите го вршам со дневни утрински вежби за растегнување, со возење велосипед и со трчање – вели Трпчески.

Малкумина знаат дека Трпчески, пред да дипломира на Академијата за драмски уметности во Скопје, завршил средно фискултурно училиште со специјалност – тренер за кошарка.

Loading