ДЕСЕТКА ЗА ДЕСЕТ ГОДИНИ

Дониа

3 Priznanie za Donia

Јубилејно признание доби Дониа за континуирано успешни општествено одговорни практики, во периодот помеѓу 2007 и 2017 година од Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата на десеттата јубилејна традиционална годишна манифестација. Изминатите години Дониа покажа посветеност кон креирањето на позитивно влијание во општеството и животната средина, насочено кон социјална и економска добросостојба.

– За Дониа овој јубилеј е мотив повеќе за продолжување на традицијата и продлабочување на соработката со деловниот и граѓанскиот сектор во афирмирањето и унапредувањето на практиките на општествената одговорност – рече Дејан Јованов, претставник од Дониа кој ја прими награда.

Неодамна, македонскиот производствен гигант на кондиторските производи Макпрогрес ДОО од Виница потпиша договор за стопроцентно преземање на кондиторската фабрика Дониа во Прилеп.

Преземањето со палетата на препознатливите локум, алва, домашни бисквити и кекси со врвен квалитет, ќе биде зајакнување на брендираниот асортиман на Макпрогрес и дополнителен импулс во интернационализација на бизнисот. Асортиманот на Дониа е присутен на македонскиот пазар, а половина од производството се извезува на пазарите надвор од регионот.

Макпрогрес се труди да ги зголеми интернационалните потенцијали на Дониа, да ги задржи и да ги развие општествено одговорните практики на делување во македонското општество. 

Loading