ТАПКА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ПРИЛЕП – ГРАДСКО

Eksproprijacijaja docni gradbata

Шпанската фирма „Рубау“ побарале дополнителен рок за градба на експресниот пат Градско – Прилеп. Сопирачка е експропријацијата, легализацијата и појавата на археолошки наоѓалишта. Понудиле дополнителен рок да ја завршат градбата на делницата Фаришка – Дреновска Клисура.

– Ќе ги разгледаме предлозите и ќе побараме од изведувачот квалитетна изградба на овој патен правец кој е многу важен за поврзување со Пелагонискиот регион – вели Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта дополнително ќе се произнесат за барањето на изведувачот за продолжениот рок за изградба со цел квалитетна изведба. 

Loading