ПОСТАВЕНИ ДВА РЕФЛЕКТОРА НА ГРАДСКИ

Фудбал: Стадионот добива осветление

– Тие се на западната страна, а уште два се готват на источната

Reflektori na Gradski

Многу задоволство кај љубителите на фудбалот предизвикаа двата рефлектора на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Огромните столбови веднаш го привлекоа вниманието. Поставени се на западната страна, зад голот каде е седиштето на ФК 11 Октомври. Височината ги надминува сите околни објекти, а дури и големата трибина изгледа неколкупати пониска. Бидејќи се зад гледачите, никому нема да пречат, а ќе го осветлувааат целиот стадион. Рефлекторите се според современите стандарди со по триесетина светилки на секој рефлектор.

На теренот и надвор повеќе се ангажирани работници и механизација. Се ископа и огромна јама на источната страна за темел на третиот рефлектор. Потоа четвртиот на аголот до Управната зграда на ФК Победа. После ќе се работи и на дренажата и автоматскиот систем за наводнување на теренот да остане уште тревата. И трибините ќе се подноват. Ќе се наредат нови седишта.

Симпатизерите на Победа очекуваат стадионот да биде готов нареднава година, екипата да ги игра првенствените натпревари како домаќин.

Победа во Струмица

Победа се најде во незавидна положба, откако загуби на гости (1-0 од Шкупи во Скопје) и дома (0-2 од Шкендија). Продолжува борбата за бегство од дното со гостувањето в недела на Академија Пандев во Струмица. Поради црвен картон нема да игра одличниот стопер Илиески, повреден е голманот Талески, но и алтернативата Јованоски е сигурен меѓу стативите. В среда е гостување на Пелистер, за купот.

Табела: Шкендија 31, А. Пандев 21, Вардар 20, Силекс 19, Ренова 17, Работнички 16, Шкупи 15, Пелистер и Победа 12, Скопје 9.

Loading