ЗДЕБЕЛЕНИОТ МАЈМУН

Со бабата в куќа седи

калорична храна мези

за него килажа си реди.

 

Страв него го фати

тренинзи сега често прави

килажата да ја смали.

 

На вратилото се фати

гимнастика да прави

вратилото му се свитка.

 

Се уплаши многу тој

на гранките горе рипна

оттаму гласно викна.

 

Од тренинзите сега мој

јас немам некое фајде

со килажава имам гајле.

 

Со овошје ќе се хранам

душава да ја сладам

килажава да ја смалам.

 

Ангелина Велјаноска

4 одд. Гетеборг

Шведска

Loading