Брендот СОМНИА од Комфи Ангел беше промовиран во Скопје. Настанот на кој се придружија голем број посетители беше уживање, особено за најмладите. Забавната програма изобилуваше со музика, кловнови, пантомимичар, подароци и др. И додека на радоста и забавата и немаше крај, родителите направија и интересен шопинг. Купувачите на штандовите избираа дел од богатата палета на производите, перници и јоргани со кои сонот се спушта лесно и полека како пердув на очите додека потрошувачот тоне во цврст и квалитетен ноќен одмор. Хит од асортиманост се Dual Color Winter јорганите по екстра цена. Тие се 100 отсто македонски производ, идеален за зимскиот период. Мошне се декоративни, меки и удобни при допир и лесно одржливи што е примамливо за секоја домаќинка.
Тимот на СОМНИА од Комфи Ангел настанот го организираше во соработка со нивниот партнер – ВЕРО ЏАМБО.