ЏИПОВИ ВО КАЛ ЗА АДРЕНАЛИН

Меѓународно Macedonian trophu

foto trofi 5

Љубен Динев и Димитар Нејков, екипажот од Бугарија е победник на годинашново второ меѓународно натпреварување со џипови, насловено Macedonian trophy, одржано на полигонот за екстремни спортови кај селото Старо Лагово, во организација на клубот Off roud Прилеп. Тие се победници во најтешката и најекстремна  “трофи”, повторувајќи го резултатот од ланското прво трофи натпреварување, единствено од ваков вид во Македонија. Бугарските натпреварувачи ги освоија и второто, Пламен Исајев и Кирил Киров, и третото место кое им припадна на Јордан Стајков и Стефан Иванов.

Во категоријата “адвенчр” годинашни победници се Ивица Јакимоски и Јован Мрда од Македонија. Возачот и победник на годинашново Macedonian trophy Љубен Динев рече дека е задоволен од организацијата и високото ниво на натпреварувањето.

– Со најголемо задовоство учествуваме на македонското трофи. Нивото на организација е многу високо. Стандардите се меѓународни. Тоа го доближува натпреварот до балканското трофи. Ќ е направиме сé да се бодува во меѓународните натпреварувања – рече Динев.

foto trofi nagradeni

Панчо Чупаркоски, претседател на клубот Off roud Прилеп, организатор на натпреварувањето со џипови е задоволен со поголемиот број учесници и бројната љубопитна публика.

-Двата дена имавме околу 200 натпреварувачи од Бугарија, Грција, Србија и Македонија. Првин се возеа 30 километри од Старо Лагово преку селото Селце и месноста Шаторов Камен. Натпреварувачите во трите категории (трофи, адвенчр и туристичката) возеа по поставената патека на полигонот од околу 4 км. Многу подобра е организацијата, со високи стандарди во споредба со лани. Правилата и условите беа европски. Желба е натпреварот да прерасне во традиција и ова трофи да се бодува во некој од меѓународните купови – изјави Чупаркоски.

Натпреварувањето ја има поддршката од Агенцијата за промоција на туризмот во Македонија. Според претставникот Живка Цветкоска Андоновска, авантурисичкиот туризам привлекува голем број посетители и е сега светски тренд што е одлично за Македонија зашто, според истражувањата 74 насто од туристичкиот приход е за локалните заедници.

Loading