ИЗГОРЕ РЕСТОРАНОТ НА МОГИЛА

Mogila pozar

Во пламен вивна и изгоре малиот ресторанот изграден пред две години на Паркот на револуцијата. Очевидци изјавија дека пред пожарот утрината пред неколку дена се чула експлозија, по што пламените јазици до темел го пеплосале објектот, главно граден од дрво, додека интервенирала противпожарната служба.

Увидна екипа спроведе истрага да ги утврди причините кои довеле до пожарот.

Првичната штети се проценуваат на над еден милион денари, а надлежните не ја исклучуваат можноста пожарот да бил подметнат.

Угостителскиот објект беше дел од ЈКП Комуналец – РЕ Терминал. 

Restoran park

Loading