УКРАДЕН СЕФ ОД ОБЛОЖУВАЛНИЦА

Дрски крадци го украле сефот со пари во обложувалницата Спорт лајф на булеварот „Гоце Делчев“ ноќта меѓу вторникот и средата. Полицијата  го потврди грабежот, додавајќи дека крадците ја скршиле вратата, влегле во просторијата и ги отовриле заклучените фиоки. На крајот го откриле сефот каде се чувал прометот. Го откорнале и побегнале со пленот.

Полицијата уште нема информација колку пари имало во сефот.

Дознаваме дека безбедносните камери ги “фатиле” крадците, но тие тешко дека ќе се препознаат, бидејќи биле маскирани со фантомки. 

Loading