ПРВА РЕПРИЗА НА „ХРОНИКА НА ЕДЕН СОН“

Утревечер од 20 часот љубителите на театарот во „Војдан Чернодрински“ ќе можат да ја проследат првата реприза на претставата „Хроника на еден сон“ од Ивана Нелковска, во режија на Ивана Ангеловска.

Претставата е магичен сплет на надреални фрагменти, драма која се движи меѓу тенката линија на реалноста и кошмарот. Го прикажува мутирањето на човечката потреба од среќа во садистичка зависност и опсесија. Ја лови базичната човечка потреба за реализирање на сонот, кој се  претвора во сениште кое создава опседнатост. Современото општество раѓа демони, подготвени за уништување поради егоистични цели. Така сонот станува кошмар, а индивидуалната радост, туѓа тортура

Играат: Марија С. Илијеска, Игор Трпчески, Александар Тодески, Катерина Ч. Клинческа, Ана Тодеска, Илија Волчески, Марјан Чакмакоски, Виолета Чакарова, Ангела Наумоска.

Loading