СЛАВА ЗА ЈАЗИЦИТЕ И ЕТВИНИНГ РАБОТИЛНИЦА

ОУ „Гоце Делчев“

2 OU Goce Delcev prepolno za denot na jazicite

Во ОУ „Гоце Делчев“ беше одбележан Европскиот ден на јазиците, а се одржа и „еТвининг работилница“. Под мотото „Креирање ѕид на јазиците“, учениците под менторство на наставниците по македонски, англиски, француски и германски јазик изработуваа знамиња со што ја промовираа јазичната разноликост.

– Беа вклучени ученици од одделенска и предметната настава, кои креираа знамиња на земјите од Европа и пораки со поздрави на повеќе европски јазици, меѓу кои и македонски. Ја истакнаа различноста на јазиците, важноста на учење и познавање на други јазици и култури со кои може да се воспостават нови мостови на меѓусебна соработка и почитување. Околу 800 милиони Европејци застапени во 47 земји-членки на Советот на Европа се охрабрени да учат повеќе јазици, убедени дека јазичната разлика е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент – вели Ирена Наумоска.

Се одржа и двочасовна сертифицирана еТвининг работилница од “еТвининг Амбасадорите” Александра Андоноска и Спасија Нешкоска Цуцулеска со учество и на вработените од ОУ „Гоце Делчев”.

– Се презентираа општи информации за еТњиннинг платформата, порталот и еТњиннинг Ливе преку кои што наставниците комуницираат и соработуваат со колеги од Европа и професионално се развиваат преку различни онлајн настани и средби на Тњинспаце. Наставниците и учениците, заедно со партнери од различни училишта од Европа работеа виртуелни проекти во безбедна и контролирана онлајн средина. ги применија совладаните знаења. еТњиннинг е онлајн заедница за наставниците од Европа. Тука, тие комуницираат и колаборираат, професионално се развиваат, создаваат виртуелни проекти поврзани со наставните програми, со што и наставниците и учениците ги зајакнуваат дигиталните, јазичните и останати клучни компетенции, идентификувани од ЕУ – вели Спасија Нешкоска Цуцулеска.

Се планираат повеќе работилници за вклучување на останатите училишта од општинава и регионот.

Loading