ИН МЕМОРИАМ – ИЛИЈА ГЛИГОРОСКИ

ИН МЕМОРИАМ

ИЛИЈА  ГЛИГОРОСКИ

In memoriam ilija GligoroskiНа 22.09.2017 година, ненадејно почина Илија Миланов Глигороски, пензиониран диломиран правник, роден во Прилеп во 1939 година. По завршувањето на високото образование во Скопје, предано и успешно извршуваше повеќе значајни професионални и општествено-политички функции на општинско и републичко ниво, меѓу кои: началник во Службата за државна безбедност и контраразузнавање за Прилеп, претседател на Извршниот совет на Собранието на Прилеп и претседател на Соборот на општините на Собранието на СР Македонија.

Беше еден од основоположниците на македонскиот бодибилдинг спорт и негов афирматор.во земјава и во странство. 

Loading