ПОПУЛАРНИОТ СТРИП ЗА АЛАН ФОРД НА СЦЕНА

Театарската работилница Прилеп

Ekipata koja ucestvuva vo   pretstavata na Teatarskata rabotilnica

„Алан Форд и ТНТ во Тотална измама“ во режија на Игор Трпчески, е претставата што утревечер од 20 часот ќе ја изведе Театарската работилница  Прилеп во театарот „Војдан Чернодрински“. Станува збор за независен и алтернативен проект, поддржан од Министерството за култура и неколку прилепски фирми.

– Се собрале, Евреин, Англичанец, Италијанец, Американец, Германец и Македонец во цвеќарница во Њу Јорк и се посветиле на борба со криминалот. Ова е претстава за бегалцитеод целиот свет за кои татковина е планетата земја. Претставата е социјално – политичка и егзистенцијална комедија  кој води од подземјето до највисоките слоеви на Њу Јорк – вели режисерот Трпчески.

Драматург е Дарио Харјачек, сценографијата е на Емил Солески, костимите ги изработи Даниела Настоска, а музиката е на Томе Темелкоски. Видеото го подготви Христијан Конески и ЗД мапинг на Саша Нацески.

Играат:  Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски,  Виктор Мирчески, Емил Солески, Милан Секулоски, Бобан Смилкоски, Игор Трпче, Димитар Црцороски, Димитрина Мицкоска, Михајло Миленкоски, Методија Костоски,  Томе Темелкоски, Захарија Ангелеска, Надица Дојкоска, Евгенија Јакимоска. Позајмен е гласот на Драган Б. Костиќ, а придружен вокал е Катерина Чакмакоска Клинческа.

Loading