Во ДНУ
Под наслов „Античкиот град Стибера“, археологот Душко Темелкоски од Завод и Музеј во ДНУ имаше предавање, поткрепено со фото проекција, за еден од најзначајните антички локалитети во земјава – Стибера во близината на селото Чепигово. Тој го пренесе историјатот на античкиот град кој егзистирал од 3 век п.н.е до 4 век, а процутот го имал во царско римскиот период, кога станал мошне значаен урбан центар во областа Девриоп.
Според археологот, од досегашните истражувања се откриени Гимназионот, храмот на императорот, храмот на заштитничката – божицата Тихе, работилница за теракотни икони, светилиште на божество со птичјо лице, единствено на овие простори. и дел од Собранието… На дел од откриеното веќе е извршена конзервација.
Во Стибера се откриени значајни артефакти, меѓу кои и повеќе скулптури на божества и видни граѓани во природна големина.