НОВ ПЕШАЧКИ МОСТ

2 Poblisku do centar

Се постави новиот пешачки мост на градската река кај музичкото училиште. Мостот е изграден од челична конструкција во должина од 24 метри. Жителите од околината и од  населбите Корзо, Тапани, Чачорица, Рид и Центар бараа скусување на пристапот до центарот. Пешачкиот мост ќе ја поврзува улицата покрај музичкото училиште со Врбеско маало. Инвестицијата е 1,2 милиони денари.

– На местото имаше дрвен мост пред половина век. Конечно пак се врати, додуша во челично издание. Преодот преку реката ќе влијае на побезбеден премин на улиците на децата кои гравитираат кон ОУ “Кочо Рацин” – велат  жителите на Врбеско маало.

Ова е втор пешачки мост на градската река. Претходно се постави кај ОУ “Кире Гаврилоски” во Ѓогдере.   

IMG 6110

Loading